Палас може да се менува
Хотелот Палас може да им се нуди на инвеститорите, велат од Националната установа Завод и музеј. Иако овој капацитет е ставен под нивна заштита тоа не значи дека од него ќе се прави музеј. Практично ја заштитивме само неговата намена, вели директорката на оваа установа.
Судбината на хотелот Палас актуелна деновиве. Откога беше промовирана брошурата „Инвестирајте во Охрид“ во која како една можна инвестиција беше посочен токму овој хотел се отворија многу дилеми. Јавноста прашува како овој хотел може да им се нуди на инвеститорите кога е ставен под трајна заштита на Завод и музеј. Директорката на оваа национална установа, Тања Паскали Бунташеска објаснува дека тоа не значи оти од Палас ќе се прави музеј. Практично ја заштитивме само неговата намена, вели директорката.
Не дозволуваме да се надградува и доградува. Дозволуваме внатрешно преуредување, промена на столаријата и уредување на градините на Палас. Може да се направи и базен, вели Паскали Бунташеска.
Паскали потенцира дека во дворот на Палас не смеат да се градат нови објекти, а Заводот доколку има инвеститор од него ќе бара да ја промени фасадата на ресторанскиот дел и да ја направи во стилот на хотелот.
{loadposition content9}