Skip to main content

Македонските војници на нова мисија во Авганистан

Во мисијата во Авганистан што почнува во јули треба да заминат 150 војници, а во Босна АРМ учествува со 11 припадници и медицинска екипа како и двајца офицери кои ќе бидат распоредени во Бутмир.

vojnici
војници

Во мисијата во Авганистан што почнува во јули треба да заминат 150 војници, а во Босна АРМ учествува со 11 припадници и медицинска екипа како и двајца офицери кои ќе бидат распоредени во Бутмир.

војнициКомисијата за одбрана и безбедност ги усвои предлог одлуките за испраќање припадници на АРМ во мировната операција на ЕУ во Босна и Херцеговина ЕУФОР-АЛТЕА и за учество во мировната операција во Авганистан, во состав на меѓународните сили за безбедносна поддршка на Авганистан-ИСАФ.
Преку комуникацијата што ја имаме и со амбасадата во Сараево и со соодветните институции на Босна и Херцеговина, според оценките нема потенцијален ризик за состојбата на мисијата.
Талат Џафери, министер за одбрана.

Во ротацијата на мировната мисија ИСАФ  во Авганистан што почнува во јули и ќе трае до декември треба да заминат 150 припадници  кои заедно со претставникот за врски ќе бидат распоредени во Кабул. Во ротацијата на мировната мисија во Босна АРМ учествува со 11 припадници  и медицинска екипа како и двајца офицери кои ќе бидат распоредени во Бутмир. Овие предлог одлуки потоа треба да ги разгледа и усвои Собранието.

Оваа година беше планирано повлекување на мисиите од Авганистан, меѓутоа САД се уште не го потпишале Безбедносниот договор со Авганистан со кој Американците бараат дел од нивните претставници да останат таму.

{loadposition content9}