Skip to main content

108 лекови на продажба во маркетите и бензинските станици

Маркетите и бензинските станици до Министерството за здравство може да поднесуваат барања за дозволи за слободна продажба на лекови без рецепт, или познати како ОТЦ препарати.

аналгин
analgin

Маркетите и бензинските станици до Министерството за здравство може да поднесуваат барања за дозволи за слободна продажба на лекови без рецепт, или познати како ОТЦ препарати.

supermarketПравилникот за продажба на лекови по продавници, иако требаше да стапи во сила на 13 февруари, официјално профункционира вчера откако ресорното Министерство ја обелодени листата на ОТЦ препаратите.

Таа опфаќа 108 лекови или тоа е околу 54 отсто од вкупниот број лекови без рецепти, кои досега се продаваат само во аптеките. Палетата содржи лекови за болка – аналгетици, за намалување на температура – антипиретици, антиревматици, антациди за желудник, бронхосекролитици, локални антисептици и за надворешна употреба. Во слободна продажба ќе бидат ОТЦ препаратите со најмала јачина и во најмало пакување. Од листата се изземени педијатриските лекови без рецепт, односно нема да се продаваат лекови што се за деца под 12 години.

{loadposition content9}