И „Викиликс“ бил мета на тајните служби
Соработниците на сајтот „Викиликс“, и неговите редовни читатели биле шпионирани од тајните служби на САД и Велика Британија покажуваат новите документи на поранешниот соработник на НСА Едвард Сноуден.

Според овие документи Агенцијата за национална безбедност (НСА) на САД во 2010 година го ставила основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж на списокот на лица, кои подлежат на следење и истрага поради серијата пораки за војната во Авганистан.
Во еден документ од 2012 година стои дека британскиот партнер на НСА, Центарот за владини комуникации, исто така, ги шпионирал „Викиликс“, неговите соработници и читатели.
„Викиликс“ остро го осудува несовесното и незаконско однесување на НСА. Бараме админстрацијата на претседателот Барак Обама да именува специјален обвинител за истрага на криминалните активности на НСА во однос на медиумите, вклучително „Викиликс“, неговите соработници и партнери, изјави Асанж.
{loadposition content9}