Ем лек, ем деликатес
Витаминот Ц и селенот кои се наоѓаат во лимонот ја зајакнуваат одбранбената моќ на организмот и го успоруваат стареењето, додека витамините од групата Б го „хранат“ нервниот систем.
Витаминот Ц и селенот кои се наоѓаат во лимонот ја зајакнуваат одбранбената моќ на организмот и го успоруваат стареењето, додека витамините од групата Б го „хранат“ нервниот систем.
Од сите овошја, лимонот се смета за еден од најздравите и се користи многу. 57% од овој плод се хранливи состојки. Освен тоа, 8% од лимонот се лимонската и другите органски киселини, 3% е шеќер и останати витамини, вклучувајќи го и Ц. Лимонот содржи калциумови и калиумови соли, фосфор, магнезиум и бакар.
Лимонот се користи за многу работи, а кај нас е најпознат како лек. Секој знае одреден народен рецепт кој го вклучува лимонот во своите состојки. Така, за висок притисок се препорачува лимон со кромид, кои се мелат. Се додава шеќер во количина еднаква на вкупната од кромидот и лимонот и добро се меша. Ова се јаде секое утро, по една мала лажичка.
Лимонот се користи и како средство против крварење и спречување на воспалување на местото. Овошјето се смета и за плод со најмногу антиоксиданси. Благодарејќи на лимонската киселина, во организмот ги уништува токсичните материјали, го олеснува варењето, го забрзува разградувањето на мастите и го подобрува искористувањето на хранливите состојки од останатата храна.
Корисни совети
Искористете лимонов сок при готвење. Ставете од сокот пет минути пред готвење на рибата за таа да остане цела.
Тестото за колачи е повкусно со лажица лимонов сок.
Непријатниот мирис на рацете по чистење на лук или кромид ќе исчезне откако ќе се „измиете“ со лимонов сок.
Лимонот и солта одлично ја чистат нечистотијата од бакарните садови.
Во козметика
Ноктите ќе бидат посјајни доколку ги потопите во лимонов сок десет минути, а потоа ги исчистите со оцет и топла вода.
Темните дамки на кожата ќе исчезнат доколку пред спиење на тие места нанесете сок од лимун.
За здрава коса направете смеса од 3 шолји маслиново масло, 4 лажици мед и 3 лажици лимонов сок. Измијте ја косата и по сушењето ставете ја смесата и оставете ја половина час покриена со обична кеса.
{loadposition content9}