Историскиот момент се случил ноќеска во бразилското првенство, првенството Паулиста, на средбата помеѓу Mogi Mirim и XV de Piracicabe…
По прв пат во фудбалската историја на службен натпревар заиграле татко и син. Но не станува збор за било кој татко туку за големиот Ривалдо (41), екс играч на Барселона. Актуелниот претседател и играч на Mogi Mirim Ривалдо, влегол во второто полувреме и така му се придружил на својот син Ривалдињо (18) на тревата.
„Сакам да му се заблагодарам на Бога на овој посебен ден во мојот живот, во кој заиграв заедно со својот син на службен натпревар. Натпреварот заврши 1-1, но сепак ќе влезе во историјата на фудбалските книги. Ти благодарам Боже за се што имаш направено и тоа што го правиш во мојот живот“, напишал по натпреварот на својот твитер профил Ривалдо.