Skip to main content

Талентираните ученици и студентите ги добија договорите за стипендирање

Бакрачески рече дека стипендии ќе доделуваат и наредните години бидејќи според нив, многу е важно да се мотивираат идните градители на Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
stipendii
стипендии

Талентираните ученици од основните и средните училишта, како и редовните студенти на државните универзитети денес ги добија своите договори за стипендирање. Градоначалникот Бакрачески потенцираше дека согласно конкурсот кој локалната го објави во Ноември минатата година, биле подготвени и критериуми според кои се бирале добитниците на стипендиите.

ucenici stipendii„Беше формирана комисија составена од членови за отворање, разгледување и одлучување по пристигнатите барања за стипендии, за талентирани ученици од основните и средните училишта и за редовни студенти на државните универзитети. Вкупно пристигнаа 61 барање за добивање на стипендија од кои 21 за стипендии за деца од основните училишта, 16 за средни училишта и 24 за стипендии на редовните студенти кои се школуваат на државните универзитети. Сите пријавени сите пријавени кандидати кои ги исполнуваат условите кои беа зададени на конкурсот, добија стипендии од општина Охрид. Од вкупно пристигнатите пријавени, беа доделени 47 стипендии.“-вели градоначалникот Никола Бакрачески.

stipendii lokalnaГрадоначалникот Бакрачески рече дека како одговорна локална самоуправа тие и понатака ќе ги следат успесите и достигнувањата на талентираните ученици и студенти, но и дека продолжуваат со поддршката на новите генерации.

„И идната година и сите наредни години како што сме предвиделе претходно ќе распишуваме конкурси за доделување на стипендии како во основните и средните училишта, така и за студентите запишани на државните универзитети. Тој тренд ќе продолжи и понатака. Ние сметаме дека е од особено големо значење стипендирање и мотивирање на талентираните ученици и студенти со кои што ние сметаме дека во иднина ќе бидат столбови од коишто ќе зависи градењето, односно резултатите на целокупната заедница на Охрид.“-рече Бакрачески.

Инаку за талентираните ученици од основните и средните училишта износот на стипендиите изнесува 1500 денари во период од девет месеци, додека за студентите стипендијата изнесува 2000 денари за истиот период.

{loadposition content9}