Охриѓани незадоволни од квалитетот на мобилните телефони
Охриѓани незадоволни од квалитетот на мобилните телефони, надминувањето на работното време во некои кафулиња низ градов, неиздавањето фискални сметки, а незадоволство покажале и поради квалитетот на одредени апарати за домакинство. Граѓаните се пожалиле до пазарниот инспекторат од каде велат дека ги превземаат сите потребни мерки.
Охриѓани незадоволни од квалитетот на мобилните телефони. Тие во годината што измина до одделението на државниот пазарен инспекторат поднеле 94 пријави и преставки по овој однос.
Граѓаните кои ги анкетиравме за среќа немале некое поголемо лошо искуство со ваква неквалитетна стока.
Граѓаните кои реагирале до пазарниот инспекторат се пожалиле и на надминувањето на работното време во некои кафулиња низ градов, на неиздавање фискални сметки, а незадоволство покажале и на квалитетот на одредени апарати за домакинство како што се електрични шпорети, машини за перење и др.техничка стока , вели раководителот на пазарната инспекција во Охрид, Ѓорги Бошалески.
Пазарниот инспекторат е отворен во тој дел и ги прима преставките и генерално постапуваме согласно нашите законски овластувања и ги решаваме доколку се во гарантниот рок односно во периодот кој е пропишан со закон стоката се враќа или се заменува со друга, вели Бошалески.
Бошалески вели дека инспекторите секојдневно се на терен. Во 2013 година извршени се 1 823 надзори од кои во управна постапка се завршени 105 решенија, има 57 поднесени барања за прекршочна постапка до основниот суд, а до прекршочната комисија доставени се 16. Одземена е стока од познати и непознати улични продавачи на текстил и тоа во вредност од 205 540 ден. од познато лице и 413 600ден. од непознато лице. Затворени се 13 објекти, а изречена е глоба од 89 590 евра и мандатни казни од 9 900евра или вкупно околу 100 000 евра.
{loadposition content9}