Што јадат витките жени?
Веројатно многу пати ве заинтересирала нова диета…
Во книгата „Пештерските жени не се дебелеат: Древни тајни на брзо слабеење“, американскиот нутриционист Естер Блум, препорачува начин на исхрана на база продукти кои нашите претци можеле да ги ископаат, соберат или уловат, што вклучува овошје, зеленчук и месо.
Таа тврди дека месото го зголемува допаминот и серотонинот во организмот, хормони кои се важни за задоволството и среќата. Серотонинот е одговорен за осетот за смиреност и среќа, а сето тоа води кон побрзо и полесно постигнување на целта, посакувана и совршена фигура.
Згодните жени јадат месо, но не било какво, туку од животни кои паселе само трева. Тоа е богато со омега 3 масни киселина и поволно влијае на имунитетот и физичката кондиција, а исто така спречува атеросклероза, инфаркт, рак, болести на бубрези и дебело црево. Омега 3 ги има уште и во оревите, лешниците, морската риба, туна, харинга, сардина.
Овие киселини се присутни и во грав, грашок, спанаќ, кељ, алги. Меѓу најбогатите извори се ладно цедените масла: маслиновото, ленено, од маслодајна репка, со кои можете да ги зачините салатата или месото, но не ги користите за пржење.
Свежата риба, месото, овошјето и зеленчукот имаат помалку калории од преработената храна, истакнува др.Блум и додава дека на овој начин практично можете да јадете повеќе. Од многу пациенти слушнала дека не ги губат килограмите и покрај тоа што се хранат здраво и вежбаат, па заклучила дека сите тие практично јадат „погрешна здрава храна“, а решението е да се вратат на природните продукти.
Според нејзините истражувања, на нашиот организам му се потребни помалку количини јаглени хидрати од просечните дневни потреби. Затоа таа предлага од исхраната да се исфрлат продуктите полни со глутен и фабрички произведената храна. Пченицата е главен извор на глутен, а го има и во ‘ржот и јачменот.
Меѓутоа, многумина не се ни свесни дека се осетливи на глутен, што може да доведе до оштетување на органите за варење, болки, надуеност, замор, нередовна столица и друго.