Skip to main content

Македонија, земја на розите

Македонија ќе стане земја на розите. Минатогодишната кампања “Скопје градот на белата роза” се проширува на целата територија на државата.

rozi
рози

Македонија ќе стане земја на розите. Минатогодишната кампања “Скопје градот на белата роза” се проширува на целата територија на државата.

roziПод мотото “Македонија земја на цвеќето, земја на розите” на 21 март во сите региони треба да бидат засадени над 100 000 рози. Освен за визуелниот ефект кој ќе се постине, изборот на розата се темели и врз основа на студија која го потврдува нејзиното значење во заштитата на животна средина.

“Ова е една кампања со која ги повикуваме сите граѓани поединечно да се вклучат во своите дворови, на терасите, во жардиниерите да имаме што повеќе цвеќе не само за да биде убаво, туку едноставно и да влијаеме поединечно. Што повеќе цвеќе, толку повеќе чист воздух, чиста почва и чисти подземни води”, вели Соња Лепиткова – државен секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање.

Акцијата ја иницираше Министерството за животна средина и просторно планирање со целосна поддршка и од владата на Република Македонија. Во намерата Македонија да стане земја на цвеќето и на розите, покрај општините и сите институции ќе бидат вклучени невладините организации и бизнис-секторот. Освен пролетниот, планирано е акцијата да има и есенски дел.

{loadposition content9}