Skip to main content

Најуспешниот зимски олимпиец на сите времиња

Норвешкиот биатлонец Оле Ајнар Бјорндален стана најуспешниот спортист на Зимските олимписки игри на сите времиња откако го освои 13-тиот медал.

 |  Голабовски Крсте  | 
Ole Bjorndalen
Оле Бјорндален

Норвешкиот биатлонец Оле Ајнар Бјорндален стана најуспешниот спортист на Зимските олимписки игри на сите времиња откако го освои 13-тиот медал.

Ole BjorndalenТој како член на норвешката мешана штафета го освои златниот медал во Сочи, осми во својата кариера. Четириесетгодишниот Бјорндален со тоа го собори сопствениот рекорд кој го делеше со сонародникот Бјорн Дели.

Бјорндален, кој исто така во својата кариера има освоено 19 титули на светските шампионати, a походот кон рекордот го започна на Игрите во Нагано во 1998-ма година и од тогаш освојуваше барем по две медали на Зимските олимписки игри.

Бјорндален на Игрите во Сочи освои златен медал во спринт на десет километри, среброто и припадна на Чешка, додека бронзата на Италија.

{loadposition content9}