Skip to main content

Максуд Али обвинува незаконски спроведен процесот за полагање на стручниот испит

Максуд Али обвинува незаконски спроведен процесот за полагање на стручниот испит .

 |  Валентина Неловска  | 
maksud
maksud

Максуд Али, кандидат за државен службеник обвинува  дека процесот за полагање на државни служеници во охридската  Локална самоуправа протекол со низа незаконитости  и притисоци. За прашањата во стручниот испит вели дека се спротивни на законските и подзаконските акти.  Али додава дека со долгогодишно  работно искуство сега  му се ускратува правото да биде државен службеник.

„ На овие години некој да ме оцени дека не сум компететен не е вистина. Јас како Максуд Али работев во Стопанска банка, бев заменик министер за финасии  и имав приватна фирма сега некој да ме етикетира е неморално и неетички.“  
maksud
Максуд Али  вели не сакам никого да оцрнам, и не е мое да кажувам  дали  врз мојот ментор е правен притисок иако претходно ја сповеле Програмата за пробна работа. Укажува дека пред почетокот на тестирањето им биле одземени пенкалата  и дадени исти пенкала што наликувало на штелување на резулататите, во комисијата имало нововработени лица кои немале  статус на државни служебници, а кои го надгледувале полагањето реагира  Али. Тој додатно реагира на политичкиот говор што пред почетокот на тестирањето го одржал секретарот Спасески. Али вели дека во декември 2012 има положен испит за кандидат за државен службеник кој го организирала Владата на РМ со максимален број на бодови. Сега е одбиен од испитната Комисија на Локалната самоуправа тенденциозно според низата случувања, смета Али.

„Единствена цел е да се избркаат тешко вработените кандидати за државни службеници. Процесот е долг, жално е да се рече ,но божем се решаваат социјални случаи а раѓаме нови социјални проблеми како мојот пример. Имам 4 деца и со жена ми на 60 години како што сум издржал досега ќе издржам и понатака, ама владение на правото ќе биде потребно секому.“  

Али смета дека по 13 години не се спорведува рамковниот договор и се чувствува повреден како припадник на турската етничка заедница. За сите незаконски случувања во врска со спроведување на процесот за полагање на стручниот испит  вели дека реагирал со писмено известување до охридскиот градоначалник и до премиерот.  
Инаку, од пријавените 26 кандидати само 8 се здобија со статус на државни службеници во охридската Локална самоуправа.

{loadposition content9}