Skip to main content

Шок во Каталонија

Барселона обвинета за затајување данок

 |  инфодеск  | 

Државниот судија на Шпанија, Пабло Руз, го прифатил обвинението на обвинителството во случајот на каталонскиот клуб Барселона, за кој се верува дека ја оштетил државата за 9,1 милиони евра за трансферот на Бразилецот Нејмар.

Руз уште во декември ја побарал цела документација од Барселона за трансферот на Нејмар, но и сите финансиски извештаи за 2011, 2012 и 2013 година. По два месеци проучување на документацијата Руз одлучил да ја обвини Барселона за оштета на државата во двата случаеви.

Да се потсетиме дека каталонскиот клуб тврдеше дека за Нејмар платил 57 милиони евра, додека документацијата прикажува дека Барселона, цела таа операција,  ја чини преку 85 милиони евра. Покрај ова, Руз пронашол докази кои упатуваат на тоа дека барселона пропуштила да плати даноци за платите во вредност од 38 милиони евра за 2011 и 2012 година.

Според сево ова Руз утврдил дека славниот фудбалски клуб затаил скоро 50 милиони евра и го обвинил како правно лице.