Skip to main content

Дали е отпуштен од работа општинскиот архитект Урим Хани?

Наводно, причина било неговото незаконско работење. Овие информации ги негираше градоначалникот. Рече дека архитектот бил на боледување.

 |  Билјана Ќосеска  | 
opstina Struga
општина Струга
Општина Струга остана без главниот архитект, неофицијално дознава ТВМ.  Урим Хани веќе едена недела не е на оваа функција, не информираа наши извори.  Неофицијално дознаваме  дека Хани бил приморан да си замине од својата канцеларија и воопшто од општинската зграда. Иако причините засега се мистерија, се шпекулира дека градоначалникот Рамиз Мерко го отпуштил од работното место бидејќи истиот не работел согласно законските регулативи.

Ramiz MerkoПокрај оваа, се споменува и друга причина. Се шпекулира дека во прашање биле и партиски недоразбирања помеѓу архитектот  и градоначалникот. За ова не успеавме да добиеме информација од екс Архитектот Хани,  но стапивме во контакт со градоначалникот. Тој ги негираше овие гласини. Рече дека архитектот Хани бил на боледување и оти неговото отсуство нема не е поврзано со ниту една од горе наведените причини.

ТВМ од свои извори дознава дека сега  на местото на Урим Хани за прв човек на урбнанизмот привремено е поставен Натмир  Неџити. Инаку Хани со оваа функција раководи речиси  3 ипол  години, од доаѓањето Рамиз Мерко на градоначалничката фотеља.

 

{loadposition content9}