Нови правила на српскиот авиопревозник
Ер Србија со нови правила
На летовите на Ер Србија во иднина ќе важат нови правила за превоз на багаж, усогласени со стандардите на европските авиопревозници, соопштено е од оваа компанија.
Имено, наместо досегашниот концепт по тежина, на летовите на Ер Србија во иднина ќе се применува концептот по парче предаден багаж.
Во соопштението се наведува дека патниците од 1-ви мај 2014 година ќе можат во економска каласа да превезат еден багаж со максимална тежина од 23 килограми, а во бизнис класата два багажа со тежина од 32 кг. поодделно.
Генералниот директор на Ер Србија Дане Кондиќ рекол дека оваа промена е важен чекор кон целта за прилагодување на условите за транспорт со европските компании.
Од Ер Србија наведуваат дека секој предаден багаж кој ја преминува дозволената тежина, бројот и димензијата, одредени со новите услови, ќе биде посебно наплатуван.
Подетални информации се достапни на интернет страницата на Ер Србија и на сите продажни места од компанијата.


