Skip to main content

Изборот на матичен ветеринар дава позитивни резултати

Изборот на матичен ветеринар дава позитивни резултати.

 |  Валентина Неловска  | 
stoka
stoka

Изборот на матичен ветеринар дава позитивни резултати. Една година се спроведува законската регулатива со која сите сточари, одгледувачи  на домашни животни, рибници, живинарски фарми и пчелари мора да склучат  договор со овластено ветеринарно друштво од страна на Агенцијата за храна и ветерина, напоменува д-р Јане Атанасов ветринар од станицата  „ Прима вет“ во Трбеништа.   Сите податоци се сместени во  единствен ветеринарен информативен систем со кој е ставена под  контрола целата ситуација со одгледувачите на  домашни животни.

„ Бенфитот е повеќе кратен. Сите одгледувачи се регистрирани во единствен ветеринарен информативен  систем (ВИС) во Агенцијата за храна и ветерина во кој се внесуваат сите подтаоци од типот на регистрирани одгледувачи, регистрирани животни со ушни маркици, а исто  и кај домашните миленици се вгарадува микро чип. Се прати здравствената состојба со заразните болести, движењето на животните и храната од животинско потекло.“
stoka
 Од 2005 година постапно се евидентира состојбата, а која започна со ставање ушни маркици кај говедата за да се прошири на сите дејности во сточарството. Во тек е и евиденција на домашните миленици, кучињата и мачките. Секој сопственик на домашен миленик мора исто така да избере свој ветеринар кој ќе му вгради под кожата микро чип. Со посебен читач ќе се прати  кој е сопственикот , колку е старо и од која раса е миленичето, дали е вакцинирано заради контрола од беснило, укажува д-р Атанасов. Ветеринарот очекува одговорност од страна на сопствениците.  

„ Мислам дека одреден број сеуште не се информирани за начинот на евиденција. Во градските средини малку повеќе, но  во селските помалку. Но, мислам дека тоа  не е процес што завршува за една година туку како што беше за другите домашни животни. Процесот траеше 5-6 години веројатно така ќе се движи темпото на работа и со домашните миленичиња.“  

Инаку, во охридскиот регион скоро 99 посто е успешно спроведена законската регулатива со евидентирање на домашните животни, напоменува д-р Атанасов. Кажува дека со следење на податоците од ВИС бруцелозата како болест опасна по човековото здравје е ставена целосно под контрола.

{loadposition content9}