Германија, дестинација број еден за македонските азиланти
Минатата година безмалку 10 илјади барања за азил од македонски државјани биле поднесени до германските служби.
Минатата година безмалку 10 илјади барања за азил од македонски државјани биле поднесени до германските служби.
Податоците на Сојузната служба за миграција и бегалци покажуваат дека ако пред две години бројот на македонски азиланти изнесувал 1700 денеска е 5 пати повисок. Вицепретседателот на службата Михаел Гризбек за Дојче Веле, истакнува дека околу 130 илјади барања за азил минатата година пристигнале во Германија. Според него Србија е лидер во регионот по бројот на азиланти, додека Македонија е на 4-та позиција.
Од воведувањето на визната либерализација бројот на баратели за азил од Македонија во Германија континуирано бележи нагорен тренд. Тоа според Габриел Атанасов од МНР е поради фактот што германската регулатива им овозможува поволни услови на азилантите.
Од крајот на април 2011-та заклучно минатиот викенд МВР спречило излез на 15 илјади македонски државјани кои не ја почитувале европската регулатива.
Според последните статистики бројката на прифатени барања е минимална и просечно изнесува 0,3 проценти што треба да биде доволна причина да се обесхрабрат сите тие кои се надеваат на подобар живот во Германија.
{loadposition content9}