70 години од убиството на Кузман Јосифовски Питу
Денес Сојузот на борци одржа трибина по повод два јубилеи, 70 години од убиството на народниот херој Кузман Јосифоски Питу и 70 години од февруарскиот поход. Овие два настани се од исклучителна важност за историјата на македонската држава, изјави познатиот историчар проф. Наце Иваноски.
Денес кога се навршуваат 70 години од трагичната смрт на големиот народен херој Кузман Јосифоски Питу, за неговиот лик и дело зборуваше претседателот на ОО на СБ на општините Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески. Тој истакна дека Кузман Јосифоски Питу бил мозокот и идеологот на НОБ и многумина го споредувале со Гоце Делчев, односно она што бил Делчев за Илинденското востание, Јосифоски – Питу бил за НОБ.
„Тоа е познато во есента 1941 година после почнувањето на народното востание на Mакедонија на 11 октомври, Кузман Јосифоски – Питу добива задача, западниот дел од Македонија да биде главен инструктор, организатор, ги поминува сите села и градови, разговара со сите прогресивни луѓе и му кажува што значи борбата означува целта на борбата кажува дека Македонија мора да најде начин да се ослободи од и окупаторот и да стане независнан држава“ – раскажува Георгиески.
За најголемата борбена операција во НОБ, февруарскиот поход, зборуваше проф. Наце Иваноски познат историчар од Охрид. Тој појасни дека февруарскиот поход има големо значење за македонската историја, посебно што истиот бил изведен во крајно екстремни услови на ниски температури и снег и против надмоќниот поброен и технички поспермен окупатор во Македонија.
„Целта на февруарскиот поход беше да се разгори востанието во централниот и источниот дел на Македонија а истовремено нанесувајќи му жтрви на окупаторите, да ги срушат окупаторските органи на власт што бугарскиот агресор ги имаше инсталирано низ централна и источана Македонија и да се по можност затворат училиштата преку кои се вршеше асимилација на македонскиот население“– објаснува Иваноски.
Иваноски нагласи дека жалосно е што денешната младина малку знаат за февруарскиот поход и за други слични настани од НОБ, затоа што часовите за оваа материја е редуцирана во востпитно образовниот процес на основните и средните училишта.
{loadposition content9}