„Мишелин“ губи 150 милиони евра поради падот на побарувачката на гуми
Еден од водечките светски производители на гуми, француската компанија „Мишелин“, соопшти денеска дека очекува поради намалување на производството, во четвртиот квартал да претрпе загуба од 150 милиони евра.
| Крсте Голабовски | Свет
Мишелин
Еден од водечките светски производители на гуми, француската компанија „Мишелин“, соопшти денеска дека очекува поради намалување на производството, во четвртиот квартал да претрпе загуба од 150 милиони евра.
Производството е намалено поради големиот пад на побарувачката на гуми во автомобилската индустрија во Европа, Северна Америка, Азија и Јужна Америка, како последица на светската економска криза.
Обемот на продажбата на гуми за патнички автомобили и лесни камиони во Европа е намален минатиот месец за 33,5 отсто во однос на истиот период минатата година, а во Северна Америка за 31 отсто.
Во ноември „Мишелин“, поради слабата продажба на гуми, привремено ги затвори погоните во Романија, а традиционалното празнување на Денот на благодарноста го продолжи на уште три дена во една фабрика во американската држава Јужна Каролина.

{loadposition content9}