Skip to main content

Охриѓанец се жали на несоодветен третман и однос на полицијата

Охриѓанец се жали на несоодветен третман и однос на полицијата.

 |  Валентина Неловска  | 
кола
кола

Охриѓанецот, Борис Спироски  се жали на несоодветен третман и однос на полицијата. Вчера во попладневните часови  заблежал како некој човек го слика неговото возило паркирано пред хотел Дипломат.  Прашал кој е човекот и зошто слика бидејќи возилото му било скоро купено се зачудил да не е нешто украдено. Човекот кој претходно го фотографираше  возилото крајно недолично ми се обрати, а јас му се заканив дека ќе го пријавам во полиција, раскажува за случката Спироски.кола

„ Од кога го направи тоа, а јас ја запалив колата изваде значка од 4-5 метра и рече јас сум инспектор работам в полиција. Тој требаше претходно да ми се претстави пред да ме нарече копиле, до оваа расправија немаше да дојди. Јас реков ќе те пријавам в полиција тргнав 1-2 метри, тој се стрча и од десната страна со сета сила удри на  предното ветробранско стакло од возилото  и го скрши, не знам како стаклата не летнаа кај ќерка ми.“

Во колата беа ќерка ми и внук ми кои се испалшија од инцидентот.  Веднаш дојдоа  полициски возила и комбе за брзи интервенции со кое бев приведен в полициска станица каде бев задржан 4 часа, раскажува Спироски. Спироски признава дека бил погрешно пракиран , но ако бил соодветно предупреден ќе  ја сносел  одговорноста според законот.   
кола
„ Апелирам до граѓаните на Охрид да си  ја бараат правдата. Јас работев од 15 јануари 1986 до 1990 во државна безбедност и ги знам моите права.“
 
Од СВР Охрид го потврдуваат вчерашниот инцидент на улица Партизанска. Според СВР лице вработено во МВР преземало работи од безбедноста кога Спироски  најнапред упатил навредливи и заканувачки зборови а потоа со возилото мерцедес се упатил кон него и го удрил. Лицето се здобило со повреди во пределот на подколениците за што му била укажана лекарска помош во општа болница Охрид. Службеното лице во СВР Охрид пријавило  кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“. По консултација и добиени насоки со јавен обвинител, на местото на настанот полицијата извршила увид  а Спироски бил приведен. Покрај тоа, за настанот бил известен и секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди  иако до овој момент од страна на приведениот немало пристигнато претставка за одредено непрофесионално однесување на полицискиот службеник. Од СВР Охрид информираат дека по целосно документирање на овој настан,  ќе поднесат соодветна кривична пријава.

 

{loadposition content9}