Боксерски ракавици од речиси милион долари
Ракавиците кои Мухамед Али ги носеше кога ја освои светската титула во 1964 година се продадоа за 836.500$, објави ЕСПН.
ракавици
Ракавиците кои Мухамед Али ги носеше кога ја освои светската титула во 1964 година се продадоа за 836.500$, објави ЕСПН.
Али го совлада Сони Листон на 25 февруари 1964 за првпат да ја освои титулата, а ракавиците беа продадени како дел од комеморацијата на 50-годишнината од тој меч.
Листон беше апсолутен фаворит пред мечот, но Али, тогаш се уште познат како Касиус Клеј, доминираше во првите шест рунди додека Листон не се откажа на столчето. Ден по мечот, Клеј го промени името во Касиус Екс, а една недела подоцна во Мухамед Али.
{loadposition content9}