Нема вистина без отчетност
Нема вистина без отчетност. Владејачката партија од Охрид, денес на пресс го изнесе својот став за отчетот на градоначалникот. Гласноговорникот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Митрович нагласи дека отчетот како форма на транспарентност и блискост до граѓаните, тие како партија го практикуваат и ќе го практикуваат кај сите свои функционери.
Нема вистина без отчетнос, нема успех без отчетност и нема иднина без отчетност. Според Никола Митровиќ портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ токму недостигот на отчетност на поранешната локална власт на СДСМ покажа дека од граѓаните на Охрид била криена вистината за работата т.е неработата на раководителите на СДСМ.
„Токму немањето на чувство за одговорност кај СДСМ придонесе Охрид да настрада под налетот на урбанистичките штетни решенија, Охрид да потроши буџети без да се создаде дело. Отчетот беше мислена именка и за јавните претпријатија под раководство на СДСМ од кои повторно излегоа низа на неправилности, безцелни трошења и несработени работи а оставени долгови“.
Митровиќ нагласи дека денес јасно се поставува прашањето за презадолженоста на Охрид и за тоа колку време ќе биде потребно тоа да се санира, како и тоа колку време ќе биде потребно да се санираат урбанистичките штети.
„Денес јасно се поставуваат прашањата дали ќе биде можно Јавните претпријатија на Локалната самоуправа да застанат на нозе и да можат да ги остваруваат непречено активностите. Но и прашањето зошто 8 години во Охрид не се изградија објекти од јавен интерес, не се излезе во пресрет на граѓаните за основни комунални потреби и не се направија барем студии кои ќе го олеснеа пристапот до спроведување на потребите на Охрид“ – прашува Митровиќ.
Митровиќ за крај нагласи дека, отчетноста во ВМРО ДПМНЕ била и ќе биде пракса во функција на јавно отворање пред јавноста на она што е сработено и она што треба да се сработи. Со сите отворени прашања затоа што решенијата доаѓаат од потребите на граѓаните. Ако на отчетот се додаде и Програмата по која ВМРО ДПМНЕ укажа кои проекти ќе ги спроведе за Охрид тогаш е јасно дека следи период на спроведување на проектите во интерес на Охрид и граѓаните ,но и на туристите кои доаѓаат овде.
{loadposition content9}