Skip to main content

Презентација на охридската туристичка понуда на Саемот за туризам во Белград

Туристичките потенцијали на Охрид ќе бидат презентирани на  Меѓународниот саем за туризам, кој од денеска до 2- ри март ќе се одржи во Белград, Република Србија.

 |  Голабовски Крсте  | 
saem
саем

Туристичките потенцијали на Охрид ќе бидат презентирани на  Меѓународниот саем за туризам, кој од  денеска до 2- ри март ќе се одржи во Белград, Република Србија.

saemВо организација на Агенцијата за поддршка на развојот на туризмот и Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид, на оваа најголема туристичка манифестација во Југоисточна Европа,  учествуваат претставници на голем број  познати охридски  хотелско- угостителски брендови и туристички агенции.

На отворањето на годинашниот Меѓународен туристички саем во Белград ќе присуствува и градоначалникот Никола Бакрачески. Во рамките на престојот во Белград, градоначалникот Бакрачески ќе има официјална средба со македонската амбасадорка во Србија, Вера Јованоска- Типко и со директорката на Туристичката организација на Србија, Гордана Пламенац.

На штандот од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе биде претставена речиси целата македонска туристичка понуда со посебен акцент на Охрид , а на 1- ви март ќе се одржи традиционалната „ Охридска вечер“.

Со промоцијата на туристичките потенцијали на Охрид на овој голем саем, се очекува поголемо присуство на странски, особено туристи од Србија,  чиј број од година во година се зголемува. Официјалните податоци покажуваат дека во 2012 година бројот на српски туристи изнесувал 7.293 , со 20.749  остварени ноќевања, додека во 2013 година бројот на српски туристи е зголемен и изнесува 7.680 (без месец декември) , со 23.036 остварени ноќевања (без месец декември) .

{loadposition content9}