Нема веќе лесно до бугарски пасош
Минситерството за правда на Бугарија повеќе од една година ги проверува процедурите врз основа на кои биле издавани илјадници бугарски пасоши на странски државјани и реши строго да ги применува одредбите од Законот за бугарско државјанство, јавуваат бугарските медиуми.

Бугарската партија ВМРО за денеска најавува протест против ваквите мерки.На дополнително преиспитување досега се вратени илјадници барања за бугарски пасош. Сите треба навистина да докажат дека имаат бугарско потекло.
Веќе подолго време бугарските медиуми отворено пишуваа за леснотијата со која странски државјавни, најмногу од Србија, Молдавија, Албанија, Косово и од Македонија, добиваат бугарски пасоши. Бугарските власти за ова биле предупредени и од Брисел. Досега, бугарски пасош се добивал и само со изјава за бугарско потекло на мајка, татко, дедо…
Илија Ангелов, заменик-министер за правда на Бугарија во изјавата за весникот „Труд“ вели дека е ставен крајот на таквата практика и дека веќе се преиспитуваат документите на тие што се во процедура за да се види дали ги исполнуваат новите правила. Ангелов не кажал дали се подготвени да ги преиспитаат и веќе издадените пасоши. Сепак, заменик-министерот изјавува дека ова е крај на пазарот со бугарски државјанства.
{loadposition content9}