Неверојатно успешна компанија во која нема шефови и откази
Не само што нема шефови, нема менаџмент (висок или среден), нема HR што одредува бонуси, откази или вработувања, а и покрај тоа е најуспешната компанија во својата индустрија и има над 400 вработени.
Не само што нема шефови, нема менаџмент (висок или среден), нема HR што одредува бонуси, откази или вработувања, а и покрај тоа е најуспешната компанија во својата индустрија и има над 400 вработени.
Се работи за Valve, а поставеноста во неа ја објаснува поранешниот економист на компанијата Јанис Варуфакис, кој има завршено економија на атинскиот универзитет.
Таму нема никаква експлицитна хиерархија. Се базира на нешто што неколку членови на компанијата ми го објаснија како анархо-синдикализам. Слободно здружување на вработените еден со друг.
Анархо-синдикализам е економска теорија од 19-от век која опишува форма на управување во која самоорганизирани групи на работници работат заедно за директно да постигнат цели. Нешто како социјализам, минус централизирана власт, плус синдикати.
Вработувањата и отпуштањата можат да бидат иницирани и од најобичен разговор во ходник, а бонусот кој може да биде и 10 пати поголем од платата, се добива врз основа на процени од колегите.
Објаснувањето за тоа како сето ова воопшто функционира и како до сега не пропаднало е во самите вработени.
Главен производ на Валв е Стим платформата која функционира како Ајтјунс за видео игри. Моментално се проценува дека таа годишно генерира околу 1 милијарда долари.
{loadposition content9}