Skip to main content

Има или нема климатски промени?

Нема место за дебата.Климатските промени се реални и ни се случуваат. А човештвото е делумно виновно за тоа.

 |  Голабовски Крсте  | 
polarna mecka
поларна мечка

Нема место за дебата.Климатските промени се реални и ни се случуваат. А човештвото е делумно виновно за тоа.

На светскиот ден на поларната мечка, една од животинските врсти најмногу погодена од климатските промени, помеѓу научните експерти постои 97 проценти консензус дека луѓето го предизвикуваат глобалното загревање.

polarna meckaСепак некои многу гласни Американци продолжуваат да дебатираат за тоа што е со сигурност факт. Прашањето е: зошто?
Се разбира, довербата има голема улога.

Според Гордон Гошат, вонреден професор по социологија од Универзитетот во Висконсин, само 42 проценти од возрасните во САД имаат голема доза на доверба во научната заедница.

Екстремното време ги тера луѓето барем да размислат околу тоа како глобалното затоплување директно влијае врз нивните животи. И, што е можеби уште поважно, многу религиозни лидери, меѓу кои има и евангелисти, се сега „зелени“. Тие се приклучуваат на научната заедница и одат чекор понапред. Тие велат дека имаме морална обврска да ја спасиме платената.

Дури и огромно популарниот Папа Франциско, може наскоро за прозбори за глобалното затоплување. Од прес-службата на Ватикан велат дека Франциско работи на драфт текст за екологија. Тој текст може да се претвори во енцикличен, или во писмо до бискупите низ светот, со инструкции дека „верниците мораат да ја почитуваат животната средина“.

{loadposition content9}