Skip to main content

Здравствени пунктови во селата на Охрид и Дебрца

Раководството на Здравствен дом бара од градоначалниците на Охрид и Дебрца простории каде би функционирале здравствени пунктови во селата.

 |  Голабовски Крсте  | 
pregled
преглед

Раководството на Здравствен дом бара од градоначалниците на Охрид и Дебрца простории каде би функционирале здравствени пунктови во селата.

Во изминатиов период, односно од почетокот на Јануари 2014, ЈЗУ Здравствен Дом Охрид го спроведува проектот на Владата на РМ „Рурален доктор“ на подрачјето на општините Охрид и Дебрца.

pritisokЗдравствениот дом  организира вршење на примарна  здравствена дејност, согласно утврдена Програма, при што лекарски тимови ги посетуваат сите села во двете Општини. Медицинскиот тим врши лекарски прегледи, советувања и други видови здравствени услуги со цел утврдување, проверување и следење на здравствената состојба на пациентите.

Од Здравствен дом информираат дека за кратко време ќе профункционираат и амбулантите во селата Требеништа, Мешеишта, Куратица, Трпејца и Љубаништа. Исто така раководството на оваа јавна здравствена установа е во контакт со Градоначалниците  на двете општини од кои бара одредени простории во училиштата и домовите во некои села за да се отворат здравствени пунктови каде ќе може лекарскиот тим да врши прегледи на населението. Во изминативе 2 месеци преку проектот Рурален доктор прегледани се околу 320 пациенти од руралните предели на општините Охрид и Дебрца.

{loadposition content9}