Мини плоштад во Влашка маала
Жителите од влашка маала од Охрид, за десет дена ќе добијат убаво среден мини плоштад, со клупи, фонтана, а истиот ќе биде и холтикултурно уреден.
Се гради мини плоштад во влашка маала.
Ќе се уреди еден агол на пресекот на ул Марко Нестороски и Питу Гули. Екипите на ЈП Градски Гробишта од пред три дена, по налог на Фонфот за комунален развој активно работат на терен.
Треба да постават 80 м квадратни бекатон плочки, 70 м квадратни бетонски плочки од сопствено производство, 50 м кубни тампон и 100 м ивичњаци.
Според најавите на директорот на Градски Гробишта Зоран Симоноски активностите треба да бидат финиширани за 10 дена.
Жителите од влашка маала од Охрид, за десет дена ќе добијат убаво среден мини плоштад, со клупи, фонтана, а истиот ќе биде и холтикултурно уреден.
{loadposition content9}