Зависност од порно не постои
„Моделот на зависност од порнографија“, тема на голем број научни дебати.
„Моделот на зависност од порнографија“, тема на голем број научни дебати.
Но научниците стануваат едногласни – нема научно истражување кое ќе покаже дека човек може да биде зависен од порно.
Клиничкиот психолог Дејвид Леј, во соработка со колегите доаѓа до заклучок дека сите студии на темата имаат по некоја сериозна мана, како недостаток на податоци, правилна методологија или немање на прецизни спецификации за моделот што се.
Студијата, нашла и многу малку (речиси воопшто) докази за негативните страни на зависноста од порно – немало никакви знаци дека таа била поврзана со проблеми со ерекција или дека предизвикувала промени во мозокот на корисниците.
Психологот им препорачал на докторите да бидат претпазливи и дека луѓето кои пријавуваат ваква “зависност” е поверојатно да се мажи, да имаат не-хетеросексуална ориентација, високо либидо и да имаат религиозни ставови кои се во спротивност со нивното сексуално однесување и навики.
Тој нашол и позитивни страни на порното – како напредување на односот кон сексуалноста, подобрување на квалитетот на животот и задоволството од долгорочните врски.
{loadposition content9}