Вечерва ќе се знае дали ќе има предвремени парламентарни избори
Вечерва извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи вонредна седница на која единствена точка на дневен ред ќе биде одлуката на ДУИ во понеделник да побара распуштање на парламентот.
Вечерва извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи вонредна седница на која единствена точка на дневен ред ќе биде одлуката на ДУИ во понеделник да побара распуштање на парламентот.
Ако и ВМРО-ДПМНЕ се согласи со оваа одлука на нивниот коалициски партнер, тогаш владеачката коалиција лесно ќе го обезбеди потребното мнозинство за самораспуштање на парламентот. Тоа ќе значи дека веќе наредната недела претседателот на Собранието Трајко Вељаноски би можел да ги распише предвремените парламентарни избори.
Ова би биле осми по ред парламентарни избори. Ваквото сценарио е актуелно веќе подолго време, партиски извори веќе брифираат за ваквиот можен расплет по несогласувањето на владините коалициски партнери околу предлогот на ДУИ за консензуален кандидат за претседател на државата, пишува Мкд.мк.
Ако е тоа веќе договорено, тогаш Вељановски најдоцна до 7 март ќе треба да ги распише предвремените парламентарни избори за да се фати рокот за заедничко гласање за предвремени парламентарни и вториот круг од редовните претседателски избори на 27 април.
ДУИ вчера пресече. Централното претседаселство на ДУИ донесе одлука да не учествува со свој кандидат на претседателските избори и пратеничката група на партијата да покрене иницијатива за распуштање на Собранието на Македонија со цел да се организираат предвремени парламентарни избори. Генералниот секретар на ДУИ Абдулаќим Адеми вчера изјави дека тие ќе ги повикаат своите гласачи Албанци да не поддржат ниту еден кандидат за претседател, за идниот шеф на државата да го нема легитимитетот. За време на кампањата, партијата ќе води кампања за нивниот предлог за консензуален претседател.
Во сабота, за кога е закажана конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на претседателски кандидат, ќе се знае кој ќе биде кандидатот на партијата од власта.
{loadposition content9}