Skip to main content

Турското собрание, стана ринг

За време на утринската седница на Големото народно собрание на Република Турција дојде до тепачка помеѓу пратениците од главната опозициска Републиканска народна партија и владеачката Партија на правдата и развојот.

 |  Голабовски Крсте  | 
tepacka
тепачка

tepackaЗа време на утринската седница на Големото народно собрание на Република Турција дојде до тепачка помеѓу пратениците од главната опозициска Републиканска народна партија и владеачката Партија на правдата и развојот.

До конфликтот во турскиот парламент дојде за време на расправата за предлог измените и дополнувањето на законите од областа на образованието, а после жестоката расправа дојде и до физичка пресметка помеѓу неколку пратеници.

Неколкумина од нив се здобија со полесни повреди, а еден пратеник на опозицијата поради крварењео до носот беше пренесен во итната медицинска помош.

Тензијата беше очигледна од самиот почеток на седницата, а кулминираше кога опозиционерите кренаа огледало кон групата пратеници од владеачката партија и министерот за образование и извикаа:

tepacka„Еве ви паралелни структури. Ова што го гледате е вашиот одраз, а не некаква паралелна структура. Сите ве има тука“.

После овој потег ситуацијата зовре и пратениците беа сè погласни со критиките, а набрзо после тоа неколку пратеници од двете партии се најдоа во просторот од салата кој ги разделува нивните групи и почнаа со меѓусебни навреди, што потоа ескалираше во тепачка. После ова претседавачот на седницата ја прекина истата и даде пауза.

{loadposition content9}