Општина Охрид на саем во Белград
На 36-тиот Саем за туризм во Белград во организација на Агенцијата за поддршка на развојот на туризмот и Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид, учествуваат претставници на голем број познати охридски хотелско- угостителски брендови и туристички агенции.
Вчера започна 36-тиот Саем за туризaм во Белград. На овај меѓународен саем кој ќе трае до втори март, посетителите ќе можат да се запознаат со туристичката понуда на 54 земји, поставена на 1000 штандови. Во организација на Агенцијата за поддршка на развојот на туризмот и Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид, на оваа најголема туристичка манифестација во Југоисточна Европа, учествуваат претставници на голем број познати охридски хотелско- угостителски брендови и туристички агенции. На штандот од Агенцијата ќе биде претставена речиси целата македонска туристичка понуда со посебен акцент на Охрид , а на 1- ви март ќе се одржи традиционалната „ Охридска вечер“. На отворањето на саемит присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески. Во рамките на престојот во Белград, градоначалникот Бакрачески ќе има официјална средба со македонската амбасадорка во Србија, Вера Јованоска- Типко и со директорката на Туристичката организација на Србија, Гордана Пламенац.
Посетата на Белград нашата делегација ќе ја искористи и за потпишување меморандум за соработка со општината Веспрем од Унгарија.Тоа ќе биде можност Општина Охрид покрај своите туристички да ги престави и своите економски потенцијали, вели Градоначалникот Никола Бакрачески.
На саемот учествуваат земјите кои традиционално ги промовираат своите дестинации како Македонија, Турција Грција, Египет Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија. За прв пат оваа година на саемот се преставија и Аргентина, Албанија, Алжир, Бразил, Обединетите Арапски емират, Малезија, Иран, Индија, Португалија и Романија.
{loadposition content9}