Skip to main content

Не троши пари на облека

Во фустан од 10 долари

 |  инфодеск  | 

Не крие дека не сака да се расфрла со пари на скапи и дизајнирани фустани, и не се срами да каже дека била на доделување на Оскари со фустан кој чинел десет долари. Ова го изјавила самата позната актерка Винона Рајдер.

Многу парчиња од нејзината гардероба се од “second hand” продавници или од големите саеми, а актерката тврди дека немало смисол да купуваш некој фустан кој само еднаш  во животот ќе го облечеш на себе.

“На гала вечерта која ја организираше Шон Пен го носев истиот фустан кој го носев и на премиерата на еден филм во 2005 година. Апсурдно е да облекувате нешто само еднаш во животот а многу го сакате”.

“Дури на едно доделување на Оскари носев фустан кој чини десет долари”, рекла Винона Рајдер.