Skip to main content

Доделени „Златни малини“

Најлошите во Холивуд за 2013

 |  инфодеск  | 

Вчера доцна навечер се доделени најнеблагодарните признанија во Холивуд наречени Златна малина, а честа да победат ја имаа таткото и синот, Вил и Џејден Смит.

Како што пренесуваат американските медиуми тие ја добиле најлошата главна и споредна улога за научно-фантастичниот филм „After earth”.

Малина за најлош филм ја освоил комедијата „Movie 43“ во кој се појавуваат мноштво на ѕвезди како Кејт Винслет, Ричард Гир, Хали Бери и Наоми Вотс.

Тајлер Пери ја понесе најлошата женска улога во комедијата “A Madea Christmas”, додека Ким Кардашијан е прогласена за најлоша споредна улога во филмот „Tyler Perry’s Temptation”.

Иако имала дури осум номинации, комедијата „Grown ups 2” успеала да не добие ниту една малина.

Адам Сендлер е запишан во аналите на Златна малина со рекордни 20 номинации и освоени 10.

„The lone ranger“ со Џони Деп во главната улога, е едно од неуспешните високобуџетни отстварувања за минатата година, и ја освоил наградата за најлош римејк.

Златна малина се доделува од 1980 година како свевидна пародија на Оскар. Добитниците обично не се појавуваат на свеченоста.