Skip to main content

Свикан итен состанок на Советот на Европа

На барање на Украина

 |  инфодеск  | 

Австрија, моментално претседавач на Советот на Европа, свикала вонреден состанок на барање на Украина.

Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц соопштил, преку својот фејсбук профил, дека званична Виена свикала вонреден состанок на Советот на Европа, со кој претседава.

Тој оценил дека ЕУ, Советот на Европа, Организацијата за европска безбедност, како и Обединетите Нации, мораат заеднички да делуваат за пронаоѓање на мирољубиво решение и за смирување на ситуацијата во Украина.

Имено, австриските банки, минатата недела, на барање на министерството за надворешни работи и уредбата на Националната банка (OeNB), замрзнале 18 сметки на украински државјани блиски на поранешниот режим на Виктор Јанукович.