Skip to main content

Oд руина до планинарски дом за глувите лица од Скопје, но до кога?

Дали единствениот планинарски дом во Европа со кој стопанисуваат глувонеми лица, а кој повеќе од 50 години е нивно свратилиште, ќе ги смени сопствениците?

planinarski dom
планинарски дом

Дали единствениот планинарски дом во Европа со кој стопанисуваат глувонеми лица, а кој повеќе од 50 години е нивно свратилиште, ќе ги смени сопствениците?

Од „Планинарскиот клуб на глувите лица „Скопје 63“,  апелираат  да не се распишува тендер или барем и самите да имаат право да учестуваат со одредени повластици и предност, бидејќи не сакаат да изгубат објект кој е дел од нивните животи.

скопјеНикола Огненов претседател на здружението на глуви лица „Скопје 63“и  Претседателот на националниот сојуз на глуви лица Васко Марков, објаснуваат дека станува збор за објект со кој глувонемите лица од Скопје стопанисуваат 50 години, објект во кој како што велат единствено тие од свои средства вложувале, а за кој сега е најавен тендер за негово издавање под наем од страна на  Федерацијата на  спортови.

„Многу труд е вложен во неговото оспособување“, раскажува и претседателот на „Планинарскиот клуб на глувите лица „Скопје 63“, Спасе Трајкоски.

„Ова што ни го дадоа тогаш беше навистина голо, беше како руинирана стара куќа, немаше стакла, вода, струја, врати, прозори, од тоа ништо немаше, само една обична куќичка од камен. Помеѓу нас глувите имаше добри мајстори, столари, водоводџии, електричари. Се ова што гледате тука, глувите сами го имаат направено со свои раце“ објаснува Трајкоски.

Уште во далечната ’67 година глувонемите лица го добиле домот во владение со претходно склучен договор со Планинарскиот сојуз на Македонија, без прецизиран рок кога завршува нивното стопанисување со објектот. На почетокот се обиделе да стопанисуваат со целиот објект, вклучително и ресторанот кој е во склоп на објектот, но не успеале, па биле приморани да и го вратат на Федерацијата на спортови, која пак го доделила ресторанот на трето лице. Трајкоски објаснува дека средствата кои ги добиваат од концесионерот кој стопанисува со ресторанот, тие 50%, ги користат само за покривање на планинарските активности кои ги организираат.

„Овие пари за што ги користиме, за планинарски активности, кога треба да патуваме, од порано си имаме одлучено тие пари за превоз, само за тоа си плаќаме“ потенцира Трајкоски.

Договорот за владение истекол на 15-ти февруари, за објектот е најавен тендер, па глувонемите лица сметаат дека за учество на тендерот тие треба да имаат предност и повластена позиција.

Претседателката на Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид, Славица Стефаноска, не информира дека за случајот е информиран и Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов , кој ветил дека ќе се заложи во решавање на случајот со планинарскиот дом „Јосип Станчиќ“.

{loadposition content9}