Skip to main content

Се санира јужниот пристапен дел од пристаништето во Свети Наум

Поради големи пукнатини и дупки кои се појавија под бекатон плочките, се санира јужниот пристапен дел од пристаништето во Свети Наум.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sv.naum
св.наум

Капетанијата на пристаништа на Република Македонија со седиште во Охрид и јавното претпријатие „Нискоградба“ деновиве имаат полни раце работа. Го санираат свлечиштето на јужниот пристапен дел од пристаништето во Свети Наум што се појави  под самите бекатон плочки.св.наум

Причина за тоа е забот на времето, вели капетанот Горан Устијаноски. На санацијата работи јавното претпријатие „Нискоградба“ кое има стручно оспособена работна сила за вршење на вакви работи, а Министерството за транспорт и врски ги обезбеди материјалите. Се очекува овој зафат да заврши до крајот на седмицава, додаде Устијаноски.

Во санацијата помага и месното население бидејќи ако не се санира свлечиштето може да се случи да бидат повредени луѓето кои го користат.


Инаку, пристаништето во Свети Наум последен пат беше санирано во 2006 година.

{loadposition content9}