Skip to main content

Охридската СДСМ бара одговори од охридската ВМРО ДПМНЕ

Охридската СДСМ бара одговори од охридската ВМРО ДПМНЕ за досега сработеното, но наместо одговори добива прашања, велат од Општинската организација на СДСМ. Наместо да се пофалат со локални достигнувања тие се фалат со некои мерки што ги превзела Владата, обвинуваат од СДСМ.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sdsm za otcet
сдсм за отчет

Од  Општинската организација на СДСМ на денешната пресс конференција истакнаа дека зголемувањето на пензиите, зголемувањето на платите на администрацијата, минималната плата, и вработувањето на ранливите категории граѓани  е тешка предизборна манипулација. Схристина гоговскаДСМ од Охрид упорно бара ДПМНЕ од Охрид да и одговори на охридската јавност што е направено и реализирано од ветеното од страна на актуелната општинска власт, а ВМРО ДПМНЕ од Охрид упорно зборува само за поранешната општинска власт, велат од Општинската организација на СДСМ.

СДСМ целосно ја понесе одговорноста со тоа што ја изгуби локалната власт минатата година, и крајно е депласирано се уште да зборувате за делата, проектите и резултатите во минатото. Охриѓани Ви ја дадоа довербата минатата година и очекуваат да зборувате исклучиво за Вашите дела, проекти и резултати, што сте ги постигнале Вие на локално ниво. По единаесет месеци власт, веќе не можете и понатаму да барате алиби во поранешната градска власт за Вашите неуспеси и промашувања, рече Христина Гогоска- раководител на центарот за комуникации на ОО на СДСМ.

{loadposition content9}