Skip to main content

Ново збогатување на книжниот фонд на охридската библиотека

Наскоро корисниците на услугите на НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид ќе имаат можност да ги изнајмуваат книгите „Ромски фолклор”, „Етнички и културни карактеристики на ромите” и ,,Граматика на ромскиот јазик” од д-р Трајко Петровски – научен советник во Институтот за фолклор од Скопје.

 |  Голабовски Крсте  | 
biblioteka
библиотека

bibliotekaНаскоро корисниците на услугите на НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид ќе имаат можност да ги изнајмуваат книгите „Ромски фолклор”, „Етнички и културни карактеристики на ромите” и ,,Граматика на ромскиот јазик” од д-р Трајко Петровски – научен советник во Институтот за фолклор од Скопје.

Покрај овие наслови, Библиотеката го збогати фондот со повеќе нови книги: „Септемвриски светлини” – Карлос Руиз Зафон, „Љубовникот на куртизаната” – Габриела Ким, „На бал со кралот” – Розалинд Лејкер, „Допирот на музиката” – Дафне Калотеј, „Кој тропа на прозорецот” – Линвуд Баркли и многу други.

Книгите се набавени во рамки на проектот „Збогатување на книжниот фонд”, одобрен и финансиран од МИнистерството за култура на РМ.

Во Библиотеката стигнаа и книги од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници“, од кои се учи на врвните, најдобрите универзитети во САД и Велика Британија и од обалста на правото во Франција и Германија. Овие книги се донација од Владата на Рмакедонија.

{loadposition content9}