Skip to main content

Охридската градинка „Јасна Ристеска“ ќе воведе скратена програма

Охридската градинка „Јасна Ристеска“ ќе воведе скратена програма. Причина заради што се воведува оваа програма е огромниот интерес на родителите за престој на децата во градинка. Згрижувањето ќе биде од девет до дванаесет часот.

 |  Јаковлева Лионела  | 
градинка
gradinka

Поради големиот интерес за згрижување на најмладите охриѓанчиња, охридската градинка „Јасна Ристеска“ од 15- ти март ќе отпочне со примена на скратена програма.  Секој ден од 9 до 12 часот децата на возраст од три до шест години ќе можат да бидат згрижени таму. Оваа програма е влезена во Законот за заштита на децата и наскоро ќе почне да се применува.

-Причина заради што за прв пат ја воведуваме оваа програма е огромниот интерес на родителите за престој на децата во градинка а капацитетите на градинките се мали не можеме да ги примиме сите со целодневната програма или полудневната, вели  Розе Трајческа-директорка на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.deca gradinka

Децата кои ќе се опфатени со скратената програма ќе ги следат само воспитно – образовните активности во воспитните групи, без оброци, објаснува директорката.

-Доколку има родители кои би сакале да ја користат оваа програма ги замолуваме да се придржуваат на  работното време, во спротивно ќе има проблем ако децата дојдат порано или си одат подоцна бидејќи во 12 часот почнува ручекот, а до 9 трае доручекот, објаснува директорката.

Инаку, ваквото згрижување со скратена програма ќе чини од 300 до 450 ден. месечно. Сеуште се чека Министерството за труд и социјална политика да ја дефинира цената. Трајческа кажува дека во другите градови ваквиот престој одлично функционирал и донекаде го решил проблемот со немање доволно капацитет за згрижување на сите заинтересирани деца.

{loadposition content9}