ЕУ соопштила дека санкции ќе има спрема 18 лица, функционери од екс режимот во Украина и дека ги замрзнува средствата кои ги проневериле.
На листата се, покрај Јанукович, неговите најблиски соработници, меѓу нив екс министерот за внатрешни работи, правда, државниот обвинител, шефот на безбедносните служби и синот на Јанукович.
Санкционирани се и екс премиерот на Украина Mикола Азаров и неговиот син, пренесува АР.
ЕУ наведува дека овие функционери се идентификувани дека се вмешани во проневера на државни средства и дека санкциите вклучуваат мерки за обид на враќање на тие средства. Санкциите се воведени на 12 месеци.
Швајцарија на 28 февруари одлучила да го замрзне имотот на Јанукович и на 19 функционери на екс режимот во Украина, меѓу кои е и синот на Јанукович чиј имот се проценува на преку 500 милиони долари и кој во Швајцарија има фирма специјализирана за продажба на украински јаглен.
Лидерите на државите на ЕУ, денес во Брисел ќе разгледуваат можности за разрешување на кризата во Украина, вклучувајќи и дел за неминовна соработка со Русија. На овој состанок е поканет и украинскиот премиер Арсениј Јаценјук.
И Советот за безбедност при ОН најавил нов состанок за денес за украинската криза. Ова ќе биде четврт по ред состанок од минатиот петок на истата тема.