Skip to main content

Што најмногу ги интересира граѓаните на Охрид?

Општествените и јавни дејности на општината, туризмот и Локалниот економски развој, урбанизмот, се сферите за кои граѓаните најчесто поставуваат прашања до општина Охрид. Годинава за два месеци доставени се десеттина барања за информации од јавен карактер, додека пак минатата година општина Охрид бележи рекорд во такви барања дури 50.

 |  Николоска Биљана  | 
informacii
информации

Што најмногу ги интересира граѓаните на Охрид? Oд почетокот на годинава до денеска само 10 тина граѓани побарале информација од општината. Законското право да ја прашаат Локалната институција повеќе го користат здруженијата и организациите отколку физичките лица, вели Васил Ложанкоски од Одделението за односи со јавност при Локалната Самоуправа на Охрид.

informaciiЛожанкоски нагласи, дека минатата година општина Охрид имала рекорден број на барања од граѓани за информации од јавен карактер дури 50. Според него најголем интерес граѓаните пројавиле за прашањата поврзани со општествените и јавни дејности на општината дури 14 прашања, за туризмот и локалниот економски развој имало 9 прашања, јавни набавки, финансии и буџет 8, прашања кои се поврзани од сферата на урбанизмот 6, работата на Советот 4, исто толку има и од сферата на образованието, 1 за екологијата и по 2 прашања од дејноста на општинскиот инспекторат и комуналните дејности.

Од општината соопштија дека согласно законските одредби на сите 65 прашања по однос на 50 барања на граѓаните одговориле во утврдениот рок од 30 дена, по пат на интерна комуникација со секторите, за која посредник е раководителот на одделението за односи со јавност при Локалната самоуправа Ложанкоски.

{loadposition content9}