Денот на албанската просвета и албанскиот учител одбележан со свечена програма
Денот на албанската просвета и албанскиот учител одбележан со свечена програма подготвена од учениците на основното училиште „Братство единство“. Директорот на училиштето вели дека сите овие години се вложувале напори да се издигне професијата на албанскиот учител на едно повисоко ниво и во тоа се успеало, но додава дека сеуште има простор за работа на оваа тема.
Основното училиште „Братство единство“ од Охрид денес гo одбележа 7-ми Март- Денот на албанската просвета и албанскиот учител. На овој ден во 1877 год. било отворено првото училиште на албански јазик во Корча, а во 1961год. е одлучено овој датум да се прославува. Директорот на ОУ Братство единство, Муамер Доко вели дека сите овие години се вложувале напори да се издигне професијата на албанскиот учител на едно повисоко ниво и во тоа се успеало, но додава дека сеуште има простор за работа на оваа тема.
–И понатака треба да се трудиме за да ги подобриме условите во кои работат учителите, но и оние во кои учат децата. Тие треба добро да се чуствуваат за да постигнуваат солидни резултати, вели Доко.
Доко вели дека тие заедно со невладиниот сектор се многу активни во изнаоѓање начини за добивање парични средства со кои ќе ги подобрат условите во училиштето. Неодамна преку проектот за меѓуетничка интеграција во образованието добиле грант во висина од 30 000 долари кои ќе бидат искористени за таа цел.
–Имаме проблем со недостаток на учебници во шесто одделение. Немаме компјутери, имаме проблем со дренежата на училиштето, кровот треба да се смени бидејќи е со азбесни плочи и треба хортикултурно да го средиме дворот, вели Доко.
По повод денешниот празник хуманитарната организација „Ел Хилал“ со седиште во Скопје денеска им додели книги на основците од „Братство“. Директорот вели дека станува збор за 120 книги од кои 60 им подариле на едно основно училиште во Битола. Со ова, вели Доко ќе се збогати книжниот фонд во училишната библиотека, а со тоа на учениците им се зголемуваат можностите за читање лектири и слободна литература.
{loadposition content9}