На учениците кои не платиле за храна им ѕвони аларм
Непријатно изненадување

Новиот начин на електронско пријавување за неплаќачите за храна во училиштата ги разлути родителите во Словенија.
Имено,на неплаќачите, поточно на децата, во некои основни училишта им ѕвони аларм и тој начин на електронско пријавување и предупредување, разлути многу родители.
Министерот за образование, Јернеј Пикало, најавил дека ќе го разгледа случајот. Предупреден е дека заради овој срамен начин на предупредување децата од сиромашните семејства ги дискриминираат, затоа што се изложени на потсмев од останатите.
На ова реагирала и владината службеничка задолжена за заштита на приватноста на информациите, која изјавила дека таква обработка на податоци е забранета и дека училиштата мора веднаш да престанат да ја применуваат.







