Skip to main content

Црвени рози, подароци, ора-Дали битката за правата на жената е добиена?

Охрид раздвижен за 8ми Март, Денот за правата на жената. Црвена роза и подароци, музика и ора по ресторани.

 |  Мишел Наумоски  | 
cvekje
цвеќе

Охрид раздвижен за 8ми Март, Денот на жената. Се чини сите во последен момент брзаат да го купат подарокот за сопругата, мајката, сестрата, пријателката, колешката. Најголем метеж секако има пред неизбежните тезги кај малиот плоштад, на кои се продаваат црвените рози, симболот на љубовта и нежноста. Празникот се чини ќе кулминира во вечерните часови, кога најголемиот број припаднички на понежниот пол, 8ми Март ќе го прослават во некој ресторан, со музика, песни, ора. Некои со колешките од работа, некои самоиницијативно со пријателки, важно да се одбележи.

8mi MartНо и покрај напредокот на општеството и развојот на свеста кај луѓето, сепак, голем дел од жените се соочуваат со сериозни и реални проблеми кои се многу поголеми од тоа во кој ресторан ќе се прослави Денот на жената.

„Иако сме 21ви век, сепак жената сеушти ги има оние стереотипи што ги има, дека 8ми Март е празник кај што треба да се прослави во кафана, со песни, со игри, со купување на скапи подароци за еден ден. За мене и како жена, и како лидекра на невладина организација е многу понижувачко и срамно за жената, еден ден да биде нејзин, додека трпи дома насилство, и е понижувана, а на работното место мобинг, често пати го пријавува или не го пријавува, а 8ми Март го смета како еден нејзин најголем празник.“-вели претседателката на НВО „Езерка“ од Струга, Драгица Павлеска-Попоска.

zeni 8mi MartСпоред Нада Мартиноска, претседателката на Здружението на жени „Бисера“ од Охрид ако репер за демократијата на општеството е учество на жените во парламентот, тогаш изминатите години направен е голем скок во однос на правата на жените. Мартиноска смета дека сепак треба уште многу да се работи.

„Сеуште нашите жени можам да кажам дека не се во добра состојба, бидејќи грото жени трпат пред се насилство, психичко, кое е многу застапено, имаме семејно насилство, економско насилство кое зазема замав на работните места и можеме да кажеме дека младите девојки  исто така се во тешка состојба бидејќи едноставно ја искористуваат нивната работна сила со многу, многу мали примања и работат по цел ден, немаат определено работно време.“-рече претседателката на Здружението на жени „Бисера“ од Охрид, Нада Мартиноска.

Ќе помине и овој 8ми Март. Некој ќе го прослави помирно, некој побурно и до доцните часови. Многу мајки, жени, сестри и баби ќе добијат роза и она „Среќен 8ми Март“. Битката која што ја започна Клара Цеткин и првите кампањи за правата на жената во 20от век се одамна добиени, но денеска, на глобално ниво, жените, сеуште ја немаат целосната слобода и рамноправност.

{loadposition content9}