Skip to main content

ВМРО ДПМНЕ: Критиките на Народна се удар кон интересите на граѓаните

Во однос на пресот на Народна партија очигледен е нивниот деконструктивен однос кон се она што е во интерес на Република Македонија,реагираат од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

 |   | 
vmro - dpmne
вмро-дпмне

Во однос на пресот на Народна партија очигледен е нивниот деконструктивен однос кон се она што е во интерес на Република Македонија,реагираат од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.
 
vmro dpmne„ВМРО ДПМНЕ гради витални објекти и реализа витални проекти кои се во интерес на сите граѓани на Република Македонија. Оттука започнувањето на изградбата на автопатот е историски чин за Република Македонија а особено за општините низ кои ќе поминува и ќе ги поврзува.
Започнувањето и завршувањето на автопатот е во даден временски рок. ВМРО ДПМНЕ го разбира стравот на политичките маргиналци со оглед дека ВМРО ДПМНЕ е партија која го остварува ветеното. За тоа најдобро знаат и граѓаните и фирмите кои ќе бидат дел од изградбата на автопатот Кичево – Охрид.
Политичката култура очигледно не е нешто што е својствено за народна партија бидејќи очигледна е нивната потреба за барање на медиумски простор во кој се критикува и по она што е најзначајно за нашиот град.Оттука како заклучок може да се донесе дека Критиките на Народна партија кон она што преставува значаен проект е директен удар и кон интересите на граѓаните на Република Македонија.“-стои во реакцијата од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.