Skip to main content

Стартува проектот „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“

Реализацијата на овој проект ќе започне пред професорите и психолошко-педагошките служби во средното училиште „Нико Нестор “, во Струга, а во наредниот период и пред учениците и нивните родители.

 |  Голабовски Крсте  | 
diler
дилер

Реализацијата на овој проект ќе започне пред професорите и психолошко-педагошките служби во средното училиште „Нико Нестор “, во Струга, а во наредниот период и пред учениците и нивните родители.

Проектот потоа ќе биде презентиран и пред учениците во средното училиште „Ибраим Темо“.

логоСтанува збор за  проект кој  во изминативе две недели беше реализиран во средношколските центри во општина Охрид и истиот претставува продолжение на проектот „Дрога-вистина и заблуди“ спроведен во периодот од 2008 до 2012 година, пред околу 25000 ученици од основните и средните школи, наставници и родители на целото подрачје на СВР Охрид.

Во насока на намалување на штетите од злоупотреба на опојни дроги и добивање прецизни информации за ова зло, предавањата ќе ги спроведе обучен едукатор за оваа област.

Проектот „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“ СВР Охрид го спроведува во координација и соработка со одделението за образование при општина Струга.

{loadposition content9}