Пратеникот Александар Николоски работно во Дебрца
Во посета на општина Дебарца деновиве престојуваше пратеникот Александар Николоски, кој заедно со градоначалникот Игор Трајкоски го посетија с.Мешеишта, каде што ги согледаа градежните активности околу изградбата на канализационата мрежа, која започна да се гради пред еден ипол месец.

Според договорот фирмата изведувач работите траба да ги заврши во рок од 10 месеци. При посетата од страна на изведувачот беше кажано дека темпото на изградба е во одлична динамика и дека имаат изградено една третина од канализацијата односно 3 километри цевковод со поставени шахти.
Вредноста на договорот е околу 11 милиони денари обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието и руралниот развој и дел од буџетот на општина Дебарца.
{loadposition content9}