„Големата мечка“ го означи стартот на „Месецот на киното“ во Охрид
Од вечерва на кино-репортоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се прикажува анимираниот филм „Големата мечка“. Оваа анимирана авантура ќе се прикажува и на 12-ти и на 15-ти март.
Од вечерва на кино-репортоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се прикажува анимираниот филм „Големата мечка“. Оваа анимирана авантура ќе се прикажува и на 12-ти и на 15-ти март.
Почеток на проекциите е во 19.00 часот, а влезот е 50 денари.
Од НУ Центар за култура „Григор Прличев“ велат дека овој месец ќе биде месец на киното во Охрид, па така покрај анимираниот „Големата мечка“, на репертоарот во Центарот за култура се и филмовите „Сината боја е најтопла“ и „Убавицата и ѕверот“. Сите три филма гледачите ќе може да ги проследат по промотивна цена од 50 денари.
{loadposition content9}