Корејската авто-компанија покренала кампања во која на купувачите на Хјундаи во Бразил ќе им ја продолжи петгодишната гаранција за уште една година. Но единствен услов е ако Бразил стане светски шампион. Меѓутоа кампањата му пречи на фудбалскиот сојуз на Бразил, и бараат спорната кампања да се повлече.
Како и многу светски компании така и Хјундаи ќе го искористи светското првенство во фудбал за промоција на своите производи, така што експертите за маркетинг малку се поиграле со бројките 5 и 6, и така на интересен начин ја презентирале својата нова продажна акција.
Имено, Бразил кој е петкратен светски првак, сега има прилика да ја освои и шестата. Од друга страна, Хјундаи на купувачите стандардно им нуди петгодишна гаранција при купување на возило, а сега ако Бразил ја освои титулата ќе ја продолжи гаранцијата за една година повеќе.
Во меѓувреме се огласи фудбалскиот сојуз на Бразил, тврдејќи дека рекламата на недозволен начин ја користи интелектуалната сопственост на таа земја, иако во рекламата никаде не се прикажува лого на сојузот ниту било кој бразилски фудбалер.
Во понатамошното објаснување, сојузот тврди дека Хјундаи нема право да го користи бразилскиот национален тим како референца во реклама. Хјундаи не ги коментирал наводите на сојузот и засега само ја повлекол рекламата.
Мотивот за ваква реакција на фудбалскиот сојуз на Бразил можеби се крие во фактот дека официјален партнер на тој сојуз е Волксваген. Од друга страна пак и Хјундаи на глобално ниво е официјален спонзор на ФИФА.
{loadposition content9}